Вчера околу 21:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(41) од Скопје и патничко возило „шкода“, сопственост на МВР, а управувано од И.М.(34) од Скопје.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на возилото „шкода“ и двајца негови сопатници од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, по што кај возачот А.Н. се измерени О,91 промили алкохол во крвта и по насока од јавен обвинител тој е приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version