Вчера во 13:50 часот во населба Домачки дол, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Т.А.(59) од Крива Паланка.
Претходно, тој со патничко возило „опел“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано возило. По извршен преглед е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Актуелно
- Почина бабата која беше брутално претепана од сопствениот внук
- Со мачета го тепал сограѓанинот по глава и тело – крвава новогодишна ноќ во Белград
- Ужас го потресе регионот: Бебе итно пренесено во болница – баба му по грешка наместо вода му сипала бензин да се напие
- План за крај на војната: Зеленски од Давос порача – Документите се готови
- Филипче: СДСМ е конструктивна а не контролирана опозиција
- Издрогиран скопјанец седнал зад волан – при рутинска контрола бил уапсен
- Тројца скопјани барале 50.000 евра за долг од 20.000 евра – се заканувале со ликвидација
- Падна дилер на патарина кај Петровец: Во автомобилот имал хероин, му се заканува притвор

