Пиеле, се скарале, па половина час го тепал со шипка: Детали за убиството во Дојран 

Седеле на скали, пиеле заедно, се скарале, па со шипка го тепал половина час. 55-годишник од село Сретево е осомничен за убиство на 53-годишник од Богданци. 

Како што соопшти Јавното обвинителство, инцидентот се случил во саботата претпладне пред кафеана во дојранско Сретово. 55-годишникот со умисла го убил Никола Тимев. 

„Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка. Осомничениот најпрво го удирал оштетениот со раце и нозе, а потоа и со метална шипка, нанесувајќи му повеќе од десетина скршеници на раце, нозе и на черепот. Од ударите кои траеле речиси половина час, оштетениот не успеал да се одбрани и се здобил со тешки телесни повреди и обилно крварење, а осомничениот го оставил на скалите и побегнал. Повредениот го забележале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош и тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, но починал како резултат на здобиените повреди.“, велат од ОЈО. 

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за притвор за осомничениот. Според него, постои опасност од бегство и можност тој да влијае врз сведоци кои треба да бидат испитани во текот на истрагата.

Exit mobile version