„Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот Митрев, целосно го разобличи начинот на владеење на СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Со овој случај се покажа дека за СДС и Филипче нема ништо свето, за да остварат личен ќар и придобивка, тие се спремни да тргуваат со здравјето на граѓаните и да го злоупотребат државниот апарат за да рекетираат и уценуваат стопанственици“, изјави на денешната прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен со изнуда, притисоци, тргување со правдата нудејќи му помош во судска постапка, како што јавно сведочеше доктор Жан Митрев, СДС, Филипче, Заев и компанија ги користеле и парите на граѓаните за да стигнат до сопственоста на приватната болница.

Очигледно Филипче и фрлил око на болницата уште пред да дојде СДС на власт, па така веднаш по нивно влегување во владата се зголемуваат и финансиските средства од државата кон приватната клиничка болница.

Буџетот на болницата расте од година во година за во 2020 година, кога министер за здравство е токму Венко Филипче, да се зголеми скоро за дупло од тоа што бил во 2015 година.

Во 2015 година, кога СДС сè уште е опозиција, буџетот на клиничката болница бил 361.600.000 денари или околу 5,8 милиони евра, во 2017 година се зголемува на 406.600.000 денари, во 2018 година повторно се зголемува и достигнува 457.000.000 денари.

Зголемувањето на буџетот продолжи и во 2019 година, кој достигна значителни 612.000.000 денари, за во 2020 година да достигне 682.000.000 денари или скоро 11 милиони евра, што е дупло зголемување споредено со 2015 година.

Високите приливи на народни пари од државните институции продолжија и во следните години власт на СДС и министерување на Филипче. За следните 2021 и 2022 година, буџетот на Жан Митрев изнесувал 602.000.000 денари, за 2023 година околу 548.000.000 денари, додека за 2024 година околу 515.000.000 денари.

Прво, значително намалување на народните пари кои и се префрлаат на оваа приватна Клиничка болница е минатата 2025 година, кои изнесуваат 479.883.000 денари, односно со преземањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките зборуваат повеќе од јасно дека, Филипче како министер за здравство и СДС како власт, правеле огромни приливи на средства кон Клиничката болница Жан Митрев.

Тоа што не е јасно и на што Венко Филипче треба да даде одговор, дали овие големи трансфери на пари на граѓаните кон оваа болница биле за да го оствари неговиот голем мерак за влез во профитабилниот приватен здравствен сектор?

Поточно, дали префрлајќи големи суми државни пари на сметка на болницата, сакал да ја компензира, односно да ја намали нејзината вредност за тој да ја купи по багателна цена?

За сето ова очекуваме одговори и одговорност. ЈО да ги истражи сите овие наводи и сомнежи за криминал и злоупотреба на службената положба“, изјави Петрушевски.

Exit mobile version