На телевизија Телма во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој дискутираше за актуелната тема и барањата од страна на Сојузот на синдикатите за зголемувањето на минималната плата.

„Дали треба повисоки плати, да меѓутоа дали е решението ова, се сомневам, затоа што никогаш во Македонија не се носат еднострано одлуки. Во 2020 година минималната плата била 14.500 денари, инфлација 1,2%, во 2021, 15.194, 3,2% инфлација, само 644 минимален раст на плата, во 2022 кога постигнуваат договор синдикатот и работодавачите да се измени Законот за минимална плата и да се утврди фиксен износ од 18.000 денари беше презентирано како системско решение коешто ги штити работниците од волјата на Владата. Во 2023 имаме минимална плата зголемена 2.175, во 2024 инфлација од 14,2%, во 2025 да ја стабилизираме инфлацијата на 4,1% и да се зголеми минималната плата“, рече Петрушевски.

Петрушевски посочи дека не треба да се води политика на популизам од страна на синдикатот и опозицијата, истакнувајќи дека тие сега глумат загриженост за работниците, а во минатото молчеле и не барале зголемување на минималната плата.

„Сега од еднаш на овој синдикат, на оваа опозиција која кога била на власт не и пречела ова двоцифрена инфлација, тогаш не беа загрижени за работниците и минималната плата и за нивниот достоинствен живот, сите молчеа за да од еднаш сега се разбудат од сон и овој синдикат да бара зголемување на минималната плата од 15,103 денари или 61,91%. Меѓутоа, да не водиме политика на популизам и да не ги замајуваме граѓаните дека со законско решение ќе му наложиме на некој да исплаќа плати, ќе ја доведеме ситуацијата да повторно ни се враќаат плати коишто ќе се враќаат од страна на работниците, да повторно се зголемува сивата економија, да се отпуштаат работници“, дециден е Петрушевски.

Exit mobile version