Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ги дека наместо борба против корупцијата, партијата се занимава со создавање „приказни“ за да го прикрие сопствениот криминал.
Според Петрушевски, раководството на СДСМ, вклучувајќи ги Венко Филипче, Оливер Спасовски, Јованка Тренчевска и Јон Фрчкоски, свесно ја избегнува суштината на актуелните правни процеси.
„СДС – безрбетна наместо да поздрави чин на справување со незконити дејствија, криминал, фаќање на лица кои бегаат или бегале од правдата, тие се занимаваат со приказни. Очигледно е зошто го прават тоа, веројатно затоа што во конкретниот случај со Артан Груби не можат ни да се сетат во што се биле заедно вмешани во какви зделки, коруптивни активности или криминал. Поточно во што се шурувале“, изјави Петрушевски.
Тој нагласи дека професионалната активност на службите за приведување на бегалци од правдата е доказ за решителната борба со корупцијата. Петрушевски додаде дека за ВМРО-ДПМНЕ клучна цел останува владеењето на правото и поставувањето здрави темели во државата.


