Петрушевски: Чекаме извинување од Џафери

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски информира дека очекувале извинување од претседателот на Собранието, Талат Џафери околу контроверзната снимка со навреди кон вработени во Собранието.

-Тоа е човечки момент, но очигледно дека нема да се извини. Во целата ситуација е фрапантна неговата изјава дека не ги пцуел вработените, туку нивниот однос кон работата. Легитимно сакам да поставам прашање дали можам да ја пцујам Владата бидејќи според мене истата не работи доволно ефикасно. Вакво банализирање сме немале одамна на политичката сцена. Најмалку што може да направи Џафери е да си даде оставка и да се извини за сѐ тоа што го направи, рече Петрушевски во емисијата „Топ тема“.

Пратеникот додава дека Џафери самиот не си го исклучил микрофонот во Собранието и поради тоа „се слушнаа погрдните зборови“.

25.05.2022 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега