Петмина уапсени – полицијата пронајде хероин

Пет лица на возраст од 36 до 43 години се уапсени во Гевгелија откако кај нив полицијата пронашла хероин.

-Денеска полициски службеници од ОВР Гевгелија и СВР Струмица, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и помошни простории кај В.Д. (39) во Гевгелија. При претресот биле затекнати В.Д., Н.Ј. (43), В.П. (40), М.С. (41) и Б.Џ. (36), а бил пронајден хероин и други предмети со остатоци од хероин.  Поради основи за сомневање за сторено кривично дело по чл. 215 и 216 од КЗ, лицата се лишени од слобода и спроведени во ОВР Гевгелија,а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

22.09.2021 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега