Петмина скопјани фатени со марихуана

Пет лица во Скопје биле фатени со марихуана во текот на вчерашниот ден.

-Синоќа во 01,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје на кеj “Димитар Влахов“,  го лишиле од слобода К.М.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, велат од полицијата.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера во 12,50 часот, полициски службеници од СВР Скопје во градскиот парк  го лишиле од слобода Д.К.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, се вели во билтенот на МВР.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера во 14,10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во градскиот парк  го лишиле од слобода А.К.(32) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, посочуваат од полицијата.

 По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Вчера во 22,10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во градскиот парк  ги лишиле од слобода Д.К.(23) и А.М.Д.(21) двете од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана, се вели во полицискиот билтен.

По документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.06.2020 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега