Петмина гостиварци затворија обложувалница - фатија 126 илјади евра

Гостиварците Давор Ѓуровски, Александар Јаневски, Дарко Дамјановски, Дејан Дамјановски и Марио Тримчевски ја остварија една од најголемите добивки во спортското обложување во Македонија. Тие на два тикети уплатиле 250 денари и остварија добивка од речиси девет милиони денари.

Од едното ливче заработија пет милиони денари, а од другото 3,6 милиони денари. За рекордната добивка придонел и бонусот на обложувалницата „Моцарт“ што во овој случај изнесува 100 проценти односно првичната добивка на овие тикети ја зголеми за двојно.

Добитната комбинација е дело на Давор, а неговите другари решиле да учествуваат во уплатата, која сите ги направи милионери.

– Го составив тикетот на кој имаше 16 играчи од НБА лигата од кои на 12 типував дека ќе постигнат повеќе поени од маргината, а на четири дека ќе постигнат помалку. Како поранешен кошаркар, кошарката ми е омилен спорт, ги следам тие натпреварите и тоа најчесто играм. Пред да го уплатам тикетот седнав со Александар, Дарко и Дејан на кафе и се договоривме тие да додадат уште некоја сума за да ја засилиме вкупната добивка, вели Давор.

Марио се придружил на играта и комбинацијата на ливчето ја одиграл сам.

Среќната уплата ја извршил Дарко, кој на македонската јавност и е познат како поранешен член на македонската нордиска репрезентација и учесник на три олимпијади. Тој потврди дека исплатата на парите поминала без проблем. 

 

 

 

01.11.2018 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега