Петковски: Заев со парламентарна кампања за локални избори гo дефокусираше интересот на граѓаните

Врз резултатот на локалните избори влијаела апстиненцијатана поддржувачите симпатезерите на СДСМ кои не беа задоволни од случувањата во врвот на партијата, смета претседателот на НСДП, Тито Петковски.

Тој во интервју за „Утрински брифинг“ рече дека случаите со Стојко Пауновски и со Максим Димитриевски, нејаснотиите околу ставовите за проблемот со Бугарија, преземените политики во сферата на образованието ги обесхрабриле приврзаниците на владејачката партија.

„Заев и самиот стана жртва на своите ветувања. Излезе да води кампања убеден дека лично има поддршка кај граѓаните и дека ќе ги зголеми шансите на градоначалниците и на советничките листи. Апсолутно голема грешка. Со парламентарна кампања за локални избори се дефокусира интересот на граѓаните“, вели Петковски во интервју за Утрински Брифинг.

Според него, во вториот изборен круг состојбата ќе се смени. Рече дека дека луѓето кои ги подржуваат политиките на власта ќе изезат во поголем број што ќе влијае врз остварување подобар изборен скор за коалицијата предводена од СДСМ. Сепак, Петковски смета дека Заев не смее да дава изјави со кои најавува повлекување од функцијата во Владата и во партијата доколку Шилегов не победи во Скопје.

„Мислам дека тоа е неодговорна изјава, нека ми прости премиерот, меѓутоа едно се парламентарни а друго локални избори. Само пред една година, оваа политичка групација и стожерната партија во коалицијата СДСМ ги доби парламентарните избори и формираше влада, само пред една година. И не можам да ја сфатам поентата, зошто ако се изгуби Скопје, ќе си поднесе оставка. Тој е премиер а неговиот мандат трае уште три години“, е оценката на Петковски.

 

25.10.2021 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега