Петковски за дијаспората: Ако финансиски не ја помагаат државата логиката е да не бидат дел од пописот

Претседателот на НСДП, Тито Петковски во гостувањето на ТВ 24 рече дека македонските граѓани кои не плаќаат данок кон Македонија не треба да бидат дел од пописот.

-Тие кои не се жители на Македонија овде, кои не плаќаат даночни обврски кон државата не треба да ги имаат сите права кои ги имаат овдешните граѓани, речеПетковски.

Според него, можност на Еуростат го користат многу земји.

-Ако дијаспората ја помага финансиската моќ на државата, тогаш логиката е да бидат дел од пописот. Тие учествуваат на еден начин во земјата и сакаат да видат како се трошат нивните пари, велитој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега