Петковски: Македонија имаше само еден лидер – Киро Глигоров

Претседателот на НСДП Тито  Петковски, во „Емисијата 200“ на Алсат ТВ рече дека во Македонија нема лидери, туку само партиски претседатели кои само доколу научат да го користат колективното знаење на членството ќе станат успешни.

 

- „Политичките партии во Македонија се лидерски партии бидејќи функционраат врз лидерските принципи.  Партијата се идентификува со лидерот.  Се се врзува со моќта  и способноста на  лидерот, од доброто до лошото. Тоа не е само наша карактеристика така е и во светот. Лидери во Македонија јас искрено не гледам, според моите  сфаќања Македонија имаше само еден лидер тоа е  Киро Глигоров, неговиот лик и дело. Другите за мене се претседтели на политички партии. Лидер значи водство, но значи и да антиципираш и да гледаш во над хоризонтот, во иднината, рече Петковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега