Петковски: Една изборна единица нема да има поради опструкциите на ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ

 Претседателот на Нова социјадемократска партија (НСДП), Тито Петковски смета дека моделот за една изборна единица нема да се донесе поради опструкции на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Без разлика на моделот, НСДП ќе оди самостојно на избори, порача Петковски вечерва од Тетово.

-НСДП е потписник на Предлог-законот за измени и дополнувања на изборното законодавство во насока на една изборна единица и тој предлог закон е даден во Собрание. Неверојатно мали се изгледите тоа да се прифати. Двете партии, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќаат тој модел и поднесоа илјадници амандмани. Тоа значи дека се прави опструкција да не се донесе законот. Треба да се приврши тоа до крајот на годината, бидејќи од трети јануари стапува на сцена техничката влада, рече Петковски.

Според партискиот лидер, со ова политика се покажува неодговрно однесување и враќање на стари теми.

– Иманентно е земјава да биде една изборна единица. Тоа е објективно и најреално ја покажува политичката поддршка која граѓаните ја даваат. Граѓаните имаа желба повеќе партии да се борат, но со ова се покажува дека надвладува партискиот, наместо граѓанскиот интерес. Со ова се враќаме на стари теми, Македонците да се делат по идеолошка основа, да има етничка поделеност, сите тераат постапки политички профатабилни, изјави Петковски.

Тој посочи дека НСДП има 14-годишно искуство како партија и се подготвува за самостоен настап без разлика на моделот.

НСДП во Тетово бираше ново раководство на огранокот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 21:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега