Петков му се јавил на Ковачевски: Ми побара информации за два инциденти

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, барал објаснување од македонскиот премиер Димитар Ковачевски за инцидентите кои се случиле во Македонија.

Ковачевски вели дека комуницирале телефонски за искинатите венци на гробот на Гоце Делчев и искршените стакла во Битола.

„Сакаше да се информира за двата инцидента кои се случиле во нашата држава, едното е за искинатите венци на гробот на Гоце Делчев и го информирав дека МВР ги прави потребните работи. И второто беше за искршеното стакло во Битола, за кое полицијата кажа дека не станува збор за политички инцидент“, рече Ковачевски.

Прашан дали разговарале за политички прашања кои треба да се решат, тој негираше: „Во однос на отворените прашања, министерствата на двете држави работат на отворените прашања. Ако има напредок прифатлив за двете страни, тогаш МНР ќе соопшти, на ист начин како што министерот за надворешни работи веќе образложуваше“.

09.02.2022 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега