Петков: Голем оптимист сум, резултати ќе има секоја недела

Голем оптимист сум и верувам дека ќе ги видите резултатите што ќе доаѓаат секоја недела, рече бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната заедничка прес-конфереција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали се прифатливи одговорите на македонската страна за 5+1 барањата на Бугарија.

„Можам да го кажам тоа што реално го направивме беше фокус на заедничката работа и календар за следните месеци. Оттука натаму тоа ќе биде новиот дијалог. Се фокусираме на сите работи што се заеднички и имаат можности за збогатување на нашите односи и заедно со нив самите работни групи ќе стават акцент на специфичните прашања што треба да ги решиме. Но, во целина можам да ве уверам дека денеска сум голем оптимист за нашите заеднички активности и верувам дека резултатите што сите ќе ги видите ќе доаѓаат секоја недела“, одговори Петков.

18.01.2022 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега