Петгодишно девојче исчезнало од парк во Франција, додека мајката заспала на клупата

Повеќе од 24 часа нема трага од Фиони, петгодишно девојче кое исчезна додека си играла во паркот во Клермон - Феран во централниот дел на Франција. Со нејзе била нејзината мајка која седела во близина на една од клупите, и нејзината помлада сестра двегодишната Ева, која си играла со останатите деца. Мајката дигнала узбуна во 18.45 минути. ВО шестиот месец од бременоста, заспала на неколку секунди, а кога ги отворила очиоте Фиона ја немало. Фотографгиите кружат на интернет, низ француските телевизии, а полицијата ги повикува сите луѓе кои можеби нешто виделе да се јават. Паркот е детално прегледан, а потрагата траела длабоко во ноќта. Цела ноќ, со два хеликоптери со термички тела камери надлетувале над големиот парк, но залудно. Стотина лица учествувале во потрагата која продолжила утрото, вели Анса. Во моментот кога Фиона исчезнала во паркот имало голем број на родители со деца. 

 

најчитано сега