Петгодишно дете донело хероин во градинка во Масачусетс - рекло дека поради него се чувствува како Спајдермен

Петгодишно дете во градинка донело ќесе со хероин велејќи дека поради „тој прав“ се чувствува како Спајдермен, пренесува LADbible.

Инцидентот се случил минатата недела во Масачусетс.

Воспитувачката веднаш го известила директорот кој ја контактирал полицијата. Поручникот Џим Алберт изјавил дека момчето покажало ќесе на учителката и рекло дека поради содржината внатре се чувствува како суперхерој.

Детето било однсено во болница, но полицијата верува дека всушност никогаш не ја конзумирало забранетата супстанца.

Полицијата потоа отишла во домот на момчето каде го нашле неговиот татко Бени Гарсија.

Како што информираат тамошните медиуми, мажот поседувал 40 вреќички кокаин и 70 вреќички хероин,

Поручникот Алберт објаснил дека уште од претходно бил издаден налог за апсење на Гарсија поради обвиненија поврзани со наркотици. Поради инцидентот во училиштето, листата на обвиненија ќе се зголеми.

Во домот имало и бебе кое заедно со момчето било одземено од Социјалната служба.

Гарсија ќе остане во притвор до сослушувањето идната недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега