Петгодишник од Тексас пронашол пиштол додека мајка му спиела - се упатил во собата на помалиот брат и пукал

Петгодишник го убил 4-годишниот брат откако пронашол пиштол и пукал во него.

Четиригодишното момче починало, откако неговиот постар брат пронашол пиштол и пукал во него, додека нивната мајка спиела.

Несреќниот Трут Олбракт од Форт Ворт во Тексас бил итно префрлен во Медицинскиот центар Кук каде после еден час починал, пишува Дејли Меил.

Полицијата вели дека петгодишниот брат на покојното момче пронашол пиштол и пукал во неделата попладнето, но не е откриено со каков вид пиштол пукал.

Според истражувачите кои извршиле разговор со момчето за да увидат дали пукањето било случајно, никој друг не е повреден.

Портпаролот на полицијата за Дејли Меил изјавил дека родителите на петгодишното момче нема да бидат казнети, односно дека против нив нема да биде покренато обвинение. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега