Пет лица повредени во верижен судир кај „Стража“

Четири возила учествувале во сообраќајна несреќа пред превојот „Стража“, а повредени се пет лица.

-Вчера во 08,40 часот на магистрален пат Кичево-Скопје, пред превој „Стража“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „рекстон“ сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, патничко моторно возило „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Б.(22) од Тетово, патничко моторно возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки управувано од А.Б.(22) од Тетово и патничко моторно возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од В.Т.(24) од Гостивар. По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот на патничко моторно возило „цитроен“ В.Т. со неговите сопатници Ј.Г.(20), В.Г.(23), Г.Т.(20) и Ц.М.(20) сите во Гостивар биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар, се вели во билтенот на МВР.

 Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.08.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега