Кремљ не смета дека е започната нова трка во вооружување, и покрај најавите од американскиот претседател Доналд Трамп за итно тестирање на нуклеарно оружје.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, даде краток коментар на оваа тема.

„Сè уште не“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан дали изјавите на Трамп за почетокот на тестирањето на нуклеарно оружје може да се сметаат за нова рунда од трката во вооружување.

Претходно, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нареди итно започнување на тестирање на нуклеарно оружје.

Трамп исто така истакна дека САД имаат полигони за тестирање на нуклеарно оружје, а деталите за тестовите ќе бидат објавени подоцна.

Во меѓувреме, и рускиот претседател Владимир Путин неодамна објави информации за руските воени тестирања.

Путин вчера соопшти дека Русија во вторникот го тестирала подводното возило Посејдон.

Тој, исто така, на 26 октомври објави дека тестовите на ракетата Буревестник се завршени.

Најавите за нови тестирања доаѓаат наспроти Договорот за забрана на нуклеарни тестови во атмосферата, во вселената и под вода, потпишан во Москва на 5 август 1963 година од претставници на СССР, САД и Обединетото Кралство.

Exit mobile version