Песков не е загрижен: Русија е во „совршена бура“, Путин знае каде нѐ води

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кажа дека ситуацијата во која се наоѓа Русија е „совршена бура“, а исто така додаде дека Владимир Путин знае каде ја води државата.

„Всушност, сега живееме во услови на ‘совршена бура’ и момент на вистината, таа бура и тој момент што треба да ги обезбедaт и заштитат нашите интереси, за да живеете подобро, поудобно, постабилно и посигурно“, рече Песков, а пренесува „Интерфакс“.

Тој посочи дека Москва е убедена оти сè ќе биде во ред, дека ќе победи и ќе ги постигне сите свои цели.

17.05.2022 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега