Пешевска: Најостро ги осудуваме говорите на омраза и сексистичките навреди на навивачката група Балисти

„Најостро го осудуваме инцидентот во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група „Балисти’’. Во нивното објавено видео се слушаат извици со етнички и сексуални навреди кои се повеќепати извикувани. Со ваквиот однос се забележува и говор на омраза од страна на навивачката група Балисти по повод 30-годишен јубилеј. За овој скандалозен инцидент не слушнавме никаква реакција од страна на надлежните институции, од МВР и ги повикуваме веднаш најостро да го осудат  и санкционираат овој чин со кој се шири говор на омраза и сексизам“, вели Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка.
Пешевска кажа дека очекуваат реакција од МВР и санкција за навивачката група.
„Очекуваме и од останатите чинители, од политичките партии, меѓународните организации за заштита на човековите права, женските организации како и Клубот на пратенички во собранието најостро да го осудат ваквиот начин на делување со што би се спречиле идни вакви дејствија. Ова не е прв инцидент на навивачи од оваа навивачка група, пред само четири години ваквиот начин на ширење на меѓуетнички тензии заврши и со физички напади. Власта наместо да толерира, а со тоа и да одобрува вакви инциденти, најитно да преземе превентивни мерки, а за навредливите скандирања и говорот на омраза, потребно е од страна на Обвинителство да се прецизира кривичното дело и да се покренат адекватни постапки за лицата учесници во случајот. Поаѓајќи од демократските принципи на меѓусебното почитување, а во насока на создавање на здраво општество во кое секој ќе се чувствува безбеден и слободен, ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува ова девијантно однесување“, вели тој.
30.11.2022 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега