Перу ја престигна Италија по бројот на заразени со коронавирус - заболеа повеќе од 240.000 лица, над 7.000 починаа

Бројот на заразени со коронавирус во Перу надмина над 240.000, со што таа земја ја премина Италија по бројот на заболени, соопштила владата на таа јужноамериканска држава.

Перу е на второ место по бројот на потврдени случаи на коронавирус во Латинска Америка, зад Бразил а на седмо место во светот.

Во средата биле забележани уште 3.750 случаи на вирусот, што е за повеќе од половина помалку во однос на 31. мај кога беше забележан врвот на пандемијата.

Повеќе од 7.000 граѓани на Перу починаа од последица на коронавирусот, додава влада.

Перу брзо воведе мерки за карантин во земјата, откако пандемијата се појави на почетокот на март, но бројот на заразени сепак ескалираше во мај, достигнувајќи и повеќе од 8.000 заболени на дневно ниво кон крајот на месецот, пренесува Ројтерс. Северна и Јужна Америка станале епицентар на глобалната пандемија, забележувајќи скоро четири милиони инфекции и 204.000 починати.

Перу, Чиле и Бразил се посебно тешко погодени последниве недели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега