Пепиќ: Би ве замолил да останам со своето семејство, бидејќи моето семејство е моето срце

Обвинетиот Мунир Пепиќ за настаните на 27. април во Собрание, побара од судот да не го прифати предлогот на обвинителството за мерка притвор и да остане во куќен притвор, бидејќи не ја прекршил мерката.

„Во овие 11 месеци не сум прекршил ништо, ниту во еден момент не сум помислил да се дадам во бегство. Бидејќи имам семејство, мојата сопруга и моите три деца, од кои 2 малолетни. Моето најголемо бегство е да ја имам мојата ќерка во мојот скут и да си седам дома до одлуката на Апелација.

Би ве замолил бидејќи немам прекршено ништо, би ве замолил да останам со своето семејство, бидејќи моето семејство е моето срце“, рече Пепиќ пред судот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега