Пензиониран полковник загина откако учебен хеликоптер се урна во нива во локалитетот Темели, во општината Синџан во Анкара.

По несреќата на местото биле упатени бројни екипи на итната медицинска помош и спасувачките служби. Според првичните информации, во хеликоптерот се наоѓале две лица, кои биле повредени, јави „Хуријет“, а пренесе 4news.mk.

Подоцна било соопштено дека пилотот, пензионираниот полковник Јасаозден Баккал, починал во болницата каде што бил пренесен по несреќата. Тој учествувал во тренажен лет.

Министерот за правда на Турција, Акин Ѓурлек, потврдил дека Баккал, еден од двајцата патници во хеликоптерот, им подлегнал на повредите.

Главното јавно обвинителство на Западна Анкара отворило истрага за причините за несреќата.

Exit mobile version