Пензионер со „пежо“ прегази пешак
На 06.09.2023 околу 11.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Велес, патничко возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К.(67) од Велес, удрило во Т.Ч.(60) од Велес.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес. Увид извршила екипа од СВР Велес.
07.09.2023 - 12:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа