Пензионер со Мерцедес прегази жена - итно на скопските Клиники

 

Околу 18,25 часот вчера било пријавено дека на булеварот „ Гоце Делчев“ во Гостивар, патничко моторно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки, управувано од 71-годишниот Т.А. од Гостивар удрило во пешак.

Полицијата информира дека се работи за 35-годишната Џ.Е. од Тетово. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“, со медицинско возило пренесена била на скопските клиники.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

17.07.2018 - 14:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа