Пензиите растат: Од утре пензионерите ќе добиваат по 300 денари повеќе
Од утре речиси 330 илјади пензионери ќе добијат зголемени пензии за 3%.
Станува збор за редовно порамнување, кое се прави 2 пати годишно, согласно порастот на трошоците за живот.
Зголемувањето е во просек за 460 денари, а најниските - до 11.000 денари ќе бидат повисоки за 304 денари.
Минимална пензија земаат скоро 90 илјади лица. Предвременета исплата значи дека Фондот е во добра кондиција, вели првиот човек на ПИОМ.
Следното зголемување, односно порамнување ќе биде во јули.
25.01.2022 - 22:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа