Пентагон: Путин не бил „целосно информиран" од неговото Министерство за одбрана за инвазијата врз Украина

Рускиот претседател Владимир Путин „не бил целосно информиран од неговото Министерство за одбрана за секој чекор" во текот на руската инвазија врз Украина, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби за време на денешниот брифинг во Пентагон.

Кирби не кажа никакви детали што довеле до оваа проценка, јави Си-Ен-Ен.

Кирби рече дека САД немаат „пристап до секоја информација што му била дадена" на Путин или „секој разговор што тој го имал", но рече дека се согласува со „основниот наод" на медиумите дека Путин не бил целосно информиран од неговото Министерство за одбрана за ситуацијата во Украина.

Си-Ен-Ен претходно јави дека американски функционер рекол дека САД веруваат оти Путин е „дезинформиран" од неговите советници за тоа колку лошо поминува руската војска во Украина и за ефектот на санкциите врз руската економија.

– Ги видов тие извештаи во медиумите што му се припишуваат на американски функционер и ние би се согласиле со основниот наод, но нема да бидеме поконкретни од тоа, рече Кирби

30.03.2022 - 22:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега