Пенков до Спасовски: Не се издаваат лични карти со образложение дека опозицијата ги блокира измените во законот, зошто МВР не постапува по важечкиот закон?

Имам прашање до Оливер Спасовски, до мене стигна прашање од страна на граѓанин кој што не може да си го оствари своето право согласно законот за лични карти по член 12, каде што вели дека органот на управата во рок од 15 дена од поднесување на барањето мора да му издаде лична односно патна исправа, вели Златко Пенков пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања.

Пенков ја објасни состојбата низ која поминувало лицето и додаде дека му било кажано дека на истото му било кажано дека нема да се издаваат лични карти бидејќи се чекаат промени во законот, како и дека наводно опозицијата истиот го блокира, прашувајќи го Спасовски зошто МВР не постапува согласно важешкиот закон

И сега да биде уште по интересно покрај сите непријатни ситуации кои ги доживеал на шалтерите и кога веќе помислил дека е на самиот крај кога е потребно да оди да ја подигне личната карта, фактички е известен дека нема да се издаваат лични карти, бидејќи се чекаат промени во законот, наводно изговор дека опозицијата врши блокирање на истиот. Јас би сакал да го прашам министерот зошто МВР не постапува согласно важечкиот закон бидејќи не само од една особа, туку од повеќе особи има поплаки дека има сериозни пропусти во тој дел и како може опозицијата да е виновна што дел од вработените службеници несоодветно ја извршуваат својата работа за која се платени, рече Пенков.

30.07.2021 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега