Пендаровски за воениот рок: Не мислам дека е грев да зборуваме за тоа, но таа тема е решена во корист на професионалните армии

Изјавата на началникот на ГШ на Армијата за повторно служење војска, е обид за отворање дебата, изјави вечерва претседателот на државата и врховен командант на воорушените сили Стево Пендаровски.

Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Пендаровски рече дека е добро тоа што во изјавата на началникот на ГШ тој вели „ако така решат политичките фактори“.

–  Јас сум демократ, не можам за искажано мислење да сменам никого. Најмалку началникот на Генералштабот. Тој до овој момент одлично си ја врши својата работа, нагласи шефот на државата.

Пендаровски појасни дека во овој момент шест земји членки на НАТО имаат задолжителен воен рок, а во уште неколку се отвораат вакви дебати.

– Не мислам дека е грев да разговараме за тоа. Мојот став е дека таа дебата е одамна решена во корист на професионални армии, наспроти Армија на регрути, рече Пендаровски.

03.10.2022 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега