Пендаровски за "Пресе“: И името го сменивме само за датум за преговори

И името на државата го сменивме за да добиеме датум за преговори. Ова го вели претседателот Стево Пендаровски за австрискиот весник ,,Пресе“,, предупредувајќи дека за никого нема да биде добро ако не го добиеме ветениот датум за преговори.

- ,,И името на државата го сменивме заради тоа. Тоа не го направила досега ниту една држава“, вели Пендаровски за австрискиот весник и додава дека ЕУ треба да го има тоа во предвид.

- ,,Граѓаните не прашуваа зошто мораме да го смениме името на нашата држава. Нашиот одговор беше-за да станеме членка на ЕУ. Направивме се што се бараше од нас досега. Сега граѓаните прашуваат зошто доаѓа до одложување“, изјавил претседателот Пендаровски за австрискиот ,,Пресе“.

Инаку, утрово вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи отпатува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори со претставници на Европската Унија во очи Министерскиот состанок за општи работи (ГАК), каде на дневен ред ќе се најде одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега