Пендаровски за пцовката на Апасиев: Тој е психопат и не е со сите

Навистина не верував дека може да дојде до ситуација да ми пцуе починат родител. Тоа ми е само една лична болка и не можам да разберам зошто имал потреба да ја искаже. Мојата мајка е почината пред 10 години и мислам дека крајно нечовечки.

Ваков беше одговорот на претседателот на државата, Стево Пендаровски на новинарско прашање околу статусот на пратеникот Димитар Апасиев во кој тој го опцу. Вели дека тоа е чин кој не се простува.

-Таква работа, таков јавен став може да искаже човек кој или е ушмркан или му фали нешто во главата. Јас навистина мислам дека тој е психопат и не е со сите што може вакви работи да постира на социјалните мрежи. Тоа е настан, изјава, без преседан во современа Европа. Јас гарантирам дека ниту еден избран пратеник во ниеден европски Парламент не пцуе починати родители на друг колега, политичар, рече Пендаровски.

 

Апасиев вчера објавив краток статус на Фејсбук во кој напиша: „Пендаровски, пи*ка ти матер“ 

03.07.2022 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега