Пендаровски: Возможна е Влада и без СДСМ или без ВМРО-ДПМНЕ, ама и без ДУИ

Возможна е Влада и без СДСМ или без ВМРО-ДПМНЕ, ама и без ДУИ, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за „Фокус“.

-Уставната норма е кристално јасна – мандатот го добива кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието и тука претседателот нема буквално никаков маневарски простор, Пендаровски, објаснувајќи дека сето она што го гледавме во 2017-та, со некакви дополнителни условувања, претставуваше флагрантно кршење на највисокиот правен акт.

Конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав е закажана за во вторник следната недела (4 август).

Според Уставот, претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конституирањето на законодавниот дом мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандатарот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието треба да му поднесе програма и предлог состав на Владата.

На предвремените парламентрани избори што се одржаа на 15 јули, коалицијата „Можеме“ предоведна од СДСМ освои 46 пратеници, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса на Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега