Пендаровски во Старо Нагоричане: Тргнаа работите

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на средба со жителите на Старо Нагоричане, зборуваше за можностите кои ги отвораат интеграциите во НАТО и ЕУ.

-Тргнаа работите. Ако одиме со ова темпо во јуни  ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, со што се отвораат можностите, ќе можеме да повлекуваме пари од фондовите во висина од стотици милиони евра. Тоа значи пари и за развој на овој крај. Само така може земјоделството да го забрза развојот и младите да ги задржиме тука. Вашиот глас одлучува. Гласот за мене е глас за инвестиции, да влезат повеќе пари во државата, да има добра работа и поголеми плати. Затоа на 21 април и на 5 мај, дајте ја поддршката за напредокот, не само за мене туку и на оваа опција која води кон ЕУ и НАТО“, рече Пендаровски.

Другата опција, посочи, не нуди ништо освен враќање назад и блокади.

-Гласот за Сиљановска е глас за враќање назад. Да не дозволиме тоа да се случи, да не дозволиме парите да одат кај фамилијата наместо кај граѓаните, додаде тој.

 

Затоа повика Пендаровски, масовно да се излезе на избори, да се избере опцијата која нуди евrопски перспективи и развој, која нуди цврсто газење по патот кон ЕУ и НАТО кон сигуна иднина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега