Пендаровски: Во библиотеката на Парискиот мировен форум дадов копија од книгата на Киро Глигоров

Претседателот на државата Стево Пендаровски преку Фејсбук информираше дека во библиотеката на Парискиот мировен форум оставил копија од книгата на првиот претседател Киро Глигоров.

– Во библиотеката на Парискиот мировен форум дадов копија од книгата „Македонија е се што имаме“ од првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров. Таа е добар потсетник како во 1990-тите во време на конфликти на Балканот, се изборивме за самостојност и меѓународно признавање, процеси кои немаше да се случат без лидерството на претседателот Глигоров. Неговото наследство треба да биде водилка за сите што доаѓаме после него посетувајќи не дека имаме одговорност пред граѓаните да развиваме општество на соживот и просперитет насочено кон евро – атлантското семејство, напиша Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега