Пендаровски: Верувам дека ситe споделуваме визија за модерна Република Северна Македонија

Сакам да се заблагодарам на членовите на Македонија2025 за сиот ангажман и енергија од чии резултати ќе има полза нашата економија и директно или индиректно македонските граѓани.

„Верувам дека сите овде споделуваме визија за модерна Република Северна Македонија. Држава со млади, задоволни со својот живот овде. Сакаме држава со развој, подготвена да се менува и да ја адаптира својата економија согласно светските трендови. Основните предуслови за тоа е соработка на политичарите со бизнис заедницата. Лично можеби нескромно, се ставам на располагање согласно моите надлежности за секоја иницијатива и сугестија, затоа што од првиот ден на оваа функција верувам во одговорно лидерство“, рече Пендарвоски.

Тој вели дека без доверба во институциите и непристрасност, нема економски напредок.

„Во државата се потребни натамошни реформи. Верувам дека после сите искушенија низ кои поминавме, конечно креираме позитивна бизнис атмосфера. Развојот на економијата станува наш приоритет, има волја и кај власта и кај опозицијата“, рече претседателот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега