Пендаровски утре напладне на Зоран Заев ќе го врачи мандатот за состав на Влада

Шефот на државата утре на пладне ќе гододели мандатот за составување на Влада, соопштуваат од Кабинетот на претседатело Пендаровки.

-Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре - 13 август 2020 година, четврток, во 12:00 часот, мандатот за состав на Владата на Република Северна Македонија ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Зоран Заев, во име на коалицијата ,,Можеме", којашто има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информираше претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на владата.-велат од Кабинетот на претседателот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега