Пендаровски: Совршено е небитно дали протоколот за НАТО ќе го ратификуваме пред или после изборите

Претседателот Пендаровски вели дека идејата на опозицијата за предвремена ратификација на протоколот за членство во НАТО и не е така лоша. Тој во своето интервју за Детектор вели дека  доколку нема правни пречки, тогаш од политички аспект, превременто ратификување не би требало да направи проблем.
Наспроти ставот на премиерот дека не е добро сите земји да го ратификуваат протоколот а Македонија поради изборите да остане без Собранието, Пендаровски вели дека совршено е небтино дали ратификацијата ќе дојде пред или после изборите.

„Ако дојде ситуацијата сите други да имаат ратификувано, вклучувајќи ја и Шпанија. Дај Боже да имаме таква ситуација во која само на нас се чека. И ние ако пролонгираме поради нашите избори, 20 дена е кампањата. И уште месец дена претходно ќе биде евентуално плус – минус распуштен парламентот, не е проблем. Кога ќе завршат изборите ќе го ратификуваме. Битно е кога се чека само од нас. Бидејќи кога ќе дојде ситуацијата до точка во која што само вас ве чекаат да го ратификувате она што другите го завршиле, процесот не може да се врати назад“ – вели Пендаровски за Детектор


 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега