Пендаровски: Со Река сме испиле многу кафиња и после изборите ќе испиеме уште многу кафиња

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, на вечерашната последна дебата на ТВ21, откри зошто пропушти да пие кафе заедно со противкандидатите Силјановска и Река.

-Само затоа што имавме претходно договорена агенда, вчера ја добив поканата, веднаш ја прифатив, но во склад со обврските кои ги имаме овие последни завршни денови од кампањата, така што само тоа е причината. Инаку со господинот Река се знаеме одамна и сме испиле многу кафиња и после изборите ќе испиеме уште многу кафиња - кажа Пендаровски.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.04.2019 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега