Пендаровски: Случајот „Рекет“ да се расчистиш што е можно побрзо

Претседателот Стево Пендаровски, одново повика случајот Рекет да се расчистиш што е можно побрзо и целосно, за да нема сомнежи дека некој некого штити.

-Последниве денови сме сведоци на една крупна афера, која има многу шпекулации, која очигледно оди низ многу слоеви на нашето општество и економски и криминални, но и политички за жал, и јас од оваа позиција не правам политички притисок ако кажам  дека инсистирам, државните органи во таа т.н. ситуација или случај „Рекет“ да ја истераат работата до крај, за да не оставам ни најмал простор сомнеж дека некој некого штити или дека повторно се рециклираат некои лоши практики од минатото кога одредени политички фактори штитеа бизниси, односно беа заштита за криминалните бизниси и на тој начин знаеме до кое дереџе дојдовме, истакна Пендаровски, кој денеска беше во посета на Стопнаската комора на Македонија (ССК).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега