Пендаровски се сретна со Кривокапиќ: Билатерални односи меѓу државите се традиционални и пријателски

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Црна Гора, при што беше оценето дека се традиционално партнерски и пријателски, без отворени прашања, информираат од Кабинетот на претседателот.

Оттаму велат дека на средбата било истакнато дека двете држави, како сојузници во НАТО споделуваат исти вредности, и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка. Исто така, двете држави споделувале идентична надворешно-политичка цел - членство во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски и премиерот Кривокапиќ размениле мислења за случувањата и состојбите во поширокиот регион, во контекст на руската агресија врз Украина.

12.04.2022 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега