Пендаровски се сретна со извршната директорка на „Македонија-2025“

 Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Никица Мојсоска–Блажевски, главен извршен директор на организацијата „Македонија – 2025“, која го информирала за нивните претстојни активности, како и програмите што ги спроведуваат, вклучително и подготовките за претстојниот годишен Самит во ноември 2019 година.

Кабинетот на претседателот Пендаровски соопшти дека на средбата тој покажал посебен интерес во однос на програмата за стипендирање на млади средношколци која „Македонија – 2025“ ја спроведува во земјава и можностите за посета на стипендистите од различни региони.

Претседателот Пендаровски ги охрабри иницијативите на „Македонија – 2025“ кои придонесуваат кон економскиот и демократски развој на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега