Пендаровски се прости со Маестро Џамбазов

Претседателот на државата Стево Пендаровски преку социјалните мрежи се прости со Маестро Александар Џамбазов. Вели дека тој трајно ја задолжил македонската музичка уметност и култура.

-Ќе остане запаметен како основоположник на фестивалот на забавни мелодии „Скопје“ и како иницијатор и долгогодишен диригент на еден од најстарите детски музички фестивали во Европа, „Златно славејче“, со што претставува еден од втемелувачите на македонската детска и популарна музика. Беше подеднакво успешен и како автор на класична, хорска, филмска, театарска, детска и поп музика. Македонската музичка уметност и култура загубија голем композитор и врвен диригент, кого го красеше ведар и благороден дух. Нека му е вечен споменот и нека почива во мир, напиша Пендаровски на Фејсбук.

25.01.2022 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега