Пендаровски се огласи за средбата со Села

Претседателот Пендаровски на Фејсбук предмалку се огласи за средбата со Села.

- Денеска остварив одвоени средби со претседателите на политичките партии Алијанса за Албанците, Зијадин Села и Алтернатива, Африм Гаши. На средбите беше истакнато дека со цел за реализација на реформската агенда, а со стремеж за напредок на државата во европските и евроатлантските интеграции, потребен е конструктивен политички дијалог меѓу сите политички чинители во Република Северна Македонија. Сите политички субјекти треба да дадат свој придонес во периодот кога земјата очекува одлука за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија. Ја нагласив потребата политичките партии, и од власта, и од опозицијата, да демонстрираат заедништво, во функција на реализација на интересите на државата, напиша Пендаровски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега