Пендаровски: Само заедно можеме да ја добиеме битката против коронавирусот

 

Во пораката по повод одблежувањето на Светскиот ден на здравјето кога се соочуваме со глобалната закана #COVID19, претседателот на државата Стево Пендаровски уште еднаш ги повика граѓаните да бидат одговорни и дисциплинирани.

-Со стотици илјади смртни случаи во целиот светот, вирусот #COVID19 сè уште претставува глобална закана по сечиј живот. На денешниот #СветскиДенНаЗдравјето уште еднаш повикувам да бидеме одговорни и да бидеме дисциплинирани. Од секој од нас зависи дали ќе има потреба и натаму да се заоструваат мерките за заштита. Од секој од нас зависи до кога ќе биде неопходен полицискиот час или вонредната состојба, истакнува во својата порака објавена на Фејсбук претседтелот Пендаровски.

На меѓународниот ден на здравјето, тој изразува посебна почит и признание за докторите и за останатиот персонал во здравствените установи.

-Тие се на првата линија во спречувањето и справувањето со последиците од епидемијата на COVID 19. Го ризикуваат своето здравје и својот живот, за да го заштитат нашето здравје и нашите животи. Затоа, да ги почитуваме препораките и да им помогнеме на лекарите. Само заедно можеме да ја добиеме битката против коронавирусот. #WorldHealthDay, потенцира претседателот Пендаровски. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега