Пендаровски: Реакцијата на Радев е мешање во внатрешните работи на друга држава

Реакцијата на бугарскиот претседател Румен Радев е спротивна на основниот принцип во меѓународната политика за немешање во внатрешните работи на друга држава, смета претседателот Стево Пендаровски.

Ова доаѓа откако радев ги повика шефовите на бугарските специјални служби за да побара да преземат навремени мерки за адекватна заштита на правата на Бугарите во Македонија, кои, како што се тврди, биле изложени на напади поради нивната национална самосвест.

-Крајно невообичаено и секако надвор од внатрешните процедури на Алијансата е претседател на една земја-членка на НАТО да ги повикува своите служби за безбедност да реагираат за наводно кршење на правата на граѓани во друга земја-членка на НАТО, велат од Кабинетот на Пендаровски за МКД.мк.

Засега претседателот нема добиено ниту една информација од институциите за кршење на човековите слободи и права на македонски државјани само зашто ја декларирале својата етничка припадност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.03.2021 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега