Пендаровски: Поддршка за медиумите зашто транспарентноста е главен императив на демократијата

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска го прими Младен Чадиковски, претседателот на „Здружение на новинарите на Македонија“ – ЗНМ.

На средбата се разговараше за предизвиците со коишто се соочуваат медиумските работници во Република Северна Македонија, при што беше констатирано дека заедничката заложба, и на државата и на медиумите, треба да биде обезбедување на основните права и слободи на новинарите, во насока на целосно спроведување на професионалните стандарди во известувањето, како и заштитата на достоинството и интегритетот на новинарската професија.

Претседателот Пендаровски изразувајќи ја поддршката кон ЗНМ, како најстаро здружение во државата и член на Меѓународната федерација на новинарите, истакна дека транспарентноста е главен императив и еден од основните принципи на демократијата на секоја држава.

Токму затоа, нагласи тој, во изминатиов период откако е на функцијата Претседател, неговиот Кабинет воспоставува отворена, непосредна комуникација со медиумите, од кои пак, очекува да бидат активен чинител и коректив на сите општествени процеси во Северна Македонија.

Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно забрзување на конституирањето на новиот состав на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Програмскиот совет на Јавниот сервис МРТ во насока на реформските процеси во медиумската област во државата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега