Пендаровски од Велес: Јас нудам Северна Македонија во ЕУ и НАТО, граѓаните бираат

Денеска сакам со граѓаните на Велес да зборувам за една конкретна работа, една реалност, за Македонија која е де факто членка на НАТО Алијансата, и која за неколку месеци до крајот на оваа година, ќе биде  и полноправна членка на најмоќниот воено - политички сојуз на земјата, рече Пендаровски.

Тој наглласи дека тоа значи, накусо кажано зголемена бројка на странски инвестиции, повеќе работни места за нашите млади, помалку луѓе кои се иселуваат, едноставно повеќе шанси за подобар живот во својата земја. 

„Сите членки на НАТО кои тоа станале во последниве десет или петнаесет години, од кои некои и во нашиот регион, потврдуваат дека веќе во првата година по членството во Алијансата, странските директни инвестиции се зголемиле два пати, три пати, и повеќе пати.

Во овој контекст сакам да ја посочам разликата помеѓу мене, и главниот опозиционен кандидат, и мислам дека во тој дел граѓаните ќе немаат голема дилема. 

Значи, на една страна ова што јас го нудам и 31 политичка партија и граѓаните коишто стојат зад мене, е Република Северна Македонија членка на Евроатлантските Интеграции, членка на НАТО и ЕУ, со отворени порти за подобар живот за сите нас, а на другата страна имате концепт кој заговара  оспорување на Преспанскиот Договор, и оспорување со тоа на нашето членство и во НАТО и во ЕУ подоцна. 

Значи мислам дека граѓаните овој пат ќе знаат да ја направат разликата меѓу луѓе кои заговараат концепти од 19 и од 20-ти век, концепти кои се поврзуваат со национализам и популизам, и со нереализирани ветувања, и концепти кои ја водат Република Северна Македонија во друштво со најмодерните и најпросперитетните нации и држави во светот“ рече Пендаровски во Велес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега